Кое време од денот е најдобро за вежбање?

Ако ги сметсме по бројот на обврски што ги носи секој ден, тешко е да се најде соодветно време за вежбање. Затоа ви претставуваме кои се, според студиите, предностите на утринското и вечерното вежбање.

Придобивките од утринското вежбање

Утринскиот тренинг ви овозможува да го започнете денот со ендорфин и добро чувство за постигнување, а ви остава повеќе време за вечера, дружење и релаксација попладне и навечер. Студијата објавена во списанието Medicine and Science in Sports and Exercise истражува како жените реагираат на храна по утринското вежбање.

Утринското вежбање помага да се намали желбата за храна и да се зголеми секојдневната физичка активност. Истражувањата покажуваат и дека го подобрува метаболизмот, што значи дека согорувате повеќе калории во текот на денот. Дополнително, согорувањето калории не е ограничено само на ноќта додека спиете, пишува Healthline.

Истражувањата покажуваат дека утринското вежбање го подобрува квалитетот на сонот. Исто така, вежбањето на празен стомак може да согори до 20% повеќе масти отколку после оброк.

Придобивките од вежбањето попладне или навечер

Иако многумина мислат дека утринското вежбање е идеално, и вечерното вежбање има свои предности.

Истражувањата покажуваат дека телото е најподготвено за вежбање попладне, помеѓу 14 и 18 часот, кога температурата на телото е највисока. Во текот на овие часови, вашите реакции се побрзи и вашето тело поефикасно го користи кислородот, што може да ги подобри вашите перформанси и да го намали ризикот од повреда. Исто така, студиите покажуваат дека вежбањето во вечерните часови, како што е кревање тегови, може да го подобри квалитетот на сонот.

Кое е најдобро време од денот за вежбање? Студиите не можат прецизно да го одредат најдобриот дел од денот за вежбање, бидејќи тоа е важно без оглед на времето од денот. Најважно е да можете да го вклопите вежбањето во вашиот распоред и да вежбате кога се чувствувате најмногу расположени за вежбање.