Кои земји важат за најсигурни ако избие Трета светска војна?

Економист Тајмс даде прогноза за тоа кои се најбезбедните земји во светот, доколку дојде до Третата светска војна, и се надеваме дека ќе следи најпозитивен пресврт и дека ќе следи мирен период.

Моменталната состојба на глобалната политичка сцена е доста вознемирувачка, па од разни страни може да се слушне дека планетата е на работ на нов конфликт. Во овој контекст, Економист Тајмс даде прогноза за тоа кои се најбезбедните земји во светот, доколку дојде до Третата светска војна, и се надеваме дека ќе следи најпозитивен пресврт и дека ќе следи мирен период.

Антарктик

Иако не е земја, на Антарктикот, најјужниот континент, му е загарантирано место на сите списоци од овој тип, поради неговата екстремна изолација. Познат по пејзажите што го одземаат здивот и ледениот терен, не е баш местото каде што многумина би го нарекле дом, но има и такви.

Фиџи

Фиџи е изолирана островска држава во огромниот Тихи Океан, која одржува мирна надворешна политика. Населението живее скромно, а неговите зелени шуми, минерални извори и богати риболовни терени го прават Фиџи привлечно засолниште во средината на глобалната неизвесност.

Исланд

Исланд постојано е на врвот на листата на Глобалниот индекс на мирот. Со изобилство од резерви на свежа вода, обновливи извори на енергија и морски ресурси, Исланд постигнува самодоволност, така што воопшто не мора да се потпира на други земји за основните ресурси. Впрочем, тука е и најосамената куќа на светот, за која се шпекулира дека е засолниште во случај на апокалипса.

Гренланд

Додека Данска, како дел од Европската унија и НАТО, може да биде на удар на евентуална војна во Европа, Гренланд, автономна конститутивна земја, останува стратешки оддалечена и политички неврзана. Неговиот далечен, планински терен го прави погодно место за бегство од остатокот од светот.

Нов Зеланд

Нов Зеланд, со својата стабилна демократија и историја без војна, е уште една скриена и развиена нација. Со плодна почва, чиста вода и способност да произведува сопствена храна, планинскиот терен на Нов Зеланд нуди природни засолништа од потенцијална инвазија.

Бутан

Опкружен со Хималаите, Бутан обезбедува одлично засолниште, сокриено од потенцијални закани. Со посветеност на надворешната независност и внимателно избегнување на дипломатски заплетки, Бутан секако не е логична цел за инвазија.

Ирска

И покрај нејзината близина до потенцијален конфликт во Англија, Ирска одржува целосно независна надворешна политика и се воздржува од членство во НАТО. Таа е воено неутрална, така што секој конфликт може да го заобиколи.

Швајцарија

Швајцарија, позната по својата политичка неутралност, има планински терен без излез на море и бројни нуклеарни засолништа. Дури и да слетаат нуклеарни бомби таму, швајцарското население е добро заштитено со бункери и опкружено со планини, создавајќи одбрана од соседните земји. Инаку, Швајцарија навистина сака да привлече нови жители – им се плаќа на луѓето да се преселат, но со одредени услови.

Индонезија

Вклучувањето на Индонезија на оваа листа произлегува од нејзината традиционално неутрална позиција за глобалните политички прашања, отелотворена во „слободна и активна“ надворешна политика. Земјата се фокусира на независна акција во меѓународните прашања и е посветена на поттикнување на глобалниот мир.

Тувалу

Во рамките на огромните пространства на Тихиот Океан, Тувалу е крајно затскриена и политички неврзана нација. Малото население и занемарливите ресурси не им даваат поттик на главните земји вклучени во светската војна да го таргетираат Тувалу. Уникатно самодоволни, тие произведуваат своја храна и залихи таму, обезбедувајќи ја нивната независност и веројатна изолација во воено сценарио.

Канада

Огромниот и ретко населен пејзаж на Канада, заедно со нејзиното одвојување од Азија и Европа, ја прави релативно безбедна. Нејзината предност е пристапот до изобилни природни ресурси, вклучувајќи свежа вода, дрво и земјоделство, добро развиена инфраструктура за управување со кризи и силни одбранбени способности преку НОРАД, без потреба од агресивна воена акција.

Австралија

Изолацијата на Австралија и релативно малата густина на население ја прават помалку атрактивна цел. Нејзиното стабилно управување и обилните ресурси придонесуваат за оваа издржливост. Предностите се рефлектираат во големите резерви на критични минерали, храна и енергија. Земјата е стратешки сојузник со западните сили, без да биде на првата линија на конфликтот, има природни бариери како што се огромниот Тихи и Индискиот океан кои обезбедуваат заштита.

Норвешка

Иако оваа земја е членка на НАТО, нејзиниот нерамен терен, малата густина на населението и арктичката локација даваат стратешки предности. Земјата ја краси силниот фокус на обновливите извори на енергија, особено хидроенергијата, значајните резерви на нафта и гас, кои обезбедуваат енергетска независност, а владината политика ја нагласува цивилната подготвеност, вклучително и складирање храна и енергија.

Чиле

Локацијата на Чиле на западниот раб на Јужна Америка и природните бариери како Андите и Тихиот Океан ја штитат земјата од конфликти. Предностите на Чиле се дека оваа јужноамериканска земја е економски стабилна и самодоволна во производството на храна, особено овошје и морски плодови. Се издвојува минималното политичко вклучување во глобалните воени сојузи, а подготвеноста за природни катастрофи ја зајакнува неговата отпорност во време на криза.