Кои се највредните европски брендови?

Американските компании доминираат на глобалната топ 20 листа, на која има само два бизниси од една европска земја.

Амазон е крунисан за најголем бренд во светот во 2023 година, со проценета вредност од 299,28 милијарди долари (273,49 милијарди евра) и покрај тоа што бележи пад од 51 милијарда долари во изминатата година.

Во студијата објавена од порталот за финансиска анализа TradingPedia, гигантот за е-трговија се искачи на рангирањето и го прескокна минатогодишната топ компанија Apple, која изгуби 16% од својата вредност која сега е 297,51 милијарди долари.

Google се најде на третото место, зголемувајќи ја својата вредност за речиси 18 милијарди долари од минатата година и достигна 231,38 милијарди долари.

САД се убедливо најзастапената земја во првите 20 на ранг листата, што сочинува половина од компаниите на листата со вкупна вредност од околу 1,5 трилиони долари. Најголемата неамериканска компанија е јужнокорејскиот технолошки гигант  Samsung, кој се наоѓа на шестото место со 99,66 милијарди долари.

Европа се појавува само двапати во првите 20, и во двата случаја благодарение на Германија: вредноста на Дојче Телеком од 62,93 милијарди долари ја стави на 11-то место, додека компанијата Мерцедез-Бенц е 16-та со 58,8 милијарди долари.

Сепак, и покрај тоа што се во мал број во првите 20, европските земји и компании се во голема мера вклучени во пошироката студија на TradingPedia.

Само 30 од 195 земји имаат брендови на глобалната топ 500 листа, а речиси половина од нив (14) се европски.

Неколку земји имаат имаат монопол на големите брендови

Се чини дека многу малку земји можат да произведат големи брендови. Има само 20 нации со повеќе од три брендови во првите 500: САД, Јужна Кореја, Кина, Германија, Јапонија, Велика Британија, Саудиска Арабија, Индија, Франција, Канада, Италија, Шпанија, Шведска, Русија, ОАЕ, Австралија, Швајцарија, Сингапур, Бразил и Холандија.

САД и Кина се јасни фаворити на светската сцена, со 202 и 79 од топ 500 брендови. Кога се гледаат првите 100, повеќе од половина (53) се од САД, а 22 се од Кина.

Германија има седум брендови во топ 100, по што следува Јапонија со шест, Јужна Кореја со четири и Велика Британија со три.

Заборавете на брендовите – кои се најголемите индустрии?

Кога се гледаат индустриите како целина, банкарството доминира кога се зема предвид бројот на брендови во секој сектор, според TradingPedia: околу 14,2% од сите брендови во првите 500 се компании за банкарски и финансиски услуги, додека 10% се во малопродажба.

Меѓутоа, кога се гледа вкупната вредност, технологијата и малопродажбата се на врвот, при што технолошките брендови претставуваат околу 13,4% од вкупната вредност на првите 500 компании и малопродажните брендови 13,2%.
Не секоја земја има капацитет да создаде голем бренд, а поголемите економии имаат тенденција да имаат предност во овој поглед.

Како и да е, глобално признатите брендови можат да се појават од различни делови на светот, а во некои случаи, помалите економии успеваат да создадат познати брендови наспроти сите очекувања: финските телефони Нокиа и мексиканско пиво Корона се да,о два примера за тоа.