Кои се најпопуларни имиња за бебињата родени оваа година во Македонија ?

Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците. 

Софија е најчестото женско, а Лука најчестото машко име кое родителите го избирале за своите новородени деца во текот на изминатата година.

Меѓу популарните имиња кај женските бебиња се и Јана, Хана, Ана, Мила, Ева, Сара, Бисера…., а кај машките Михаил, Дамјан, Јаков, Јован, Давид, Петар, Марко, Матеј, Алексеј….

Според Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, минатата година се родиле 18.073 бебиња, од кои 51,2 отсто машки.

Според месецот на раѓање пак, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во  јули, дури 1.717.