Кокос топчиња полнети со крем: Готови се за половина час а слатки се како туѓа жена (РЕЦЕПТ)

Совршено слатки грицки кои се топат во устата, па најдобро е да додадете двојна мерка.

Потребно е:

  • 100 гр маргарин
  • 200 гр шеќер
  • 100 гр чоколадо
  • 2 дл вода
  • 100 гр кокос
  • 250 гр мелени бисквити
  • 300 гр крем од лешник
  • кокос
кокосови топчиња

Забелешка:

Од наведената количина ќе добиете околу 50 топчиња.

Подготовка:

Во тенџере на тивок оган растопете ги маргаринот, водата, шеќерот и чоколадото. Тргнете од оган и додадете мелени бисквити и кокос и соединете. Оставете да се излади и да се стегне, па со раце формирајте топчиња и валкајте ги во кокос. Направете вдлабнатина во топчето со прст и наполнете со крем од лешник. Добар апетит!