КОЛАЧ ОД СЛИВИ ЗА КОЈ СИТЕ ЌЕ ВЕ ПОБАРААТ ЗА РЕЦЕПТ: Толку е лесен за подготовка што и дете може да го направи

Нема ни да чекате да се излади, а вашето семејство ќе ве замоли да им исечете уште едно парче од оваа торта со сливи

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 300 гр брашно
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 100 гр путер
  • 10 големи лажици млеко
  • сок од 1 лимон
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 350 гр сливи

Подготовка:

1. Прашокот за пециво измешајте го во брашното. Растопете го путерот на тивок оган. Измијте ги сливите, исечете ги на половина (или по желба исечете ги на четвртинки) и извадете ги јамките.

2. Јајцата се матат со шеќерот додека смесата не добие светло жолта боја и се удвои. Полека додадете растопен млак путер (не топол), сок од лимон и млеко, па екстракт од ванила. На крај додајте го брашното додека матете со миксер на мала брзина.

3. Плехот намачкајте го со путер или масло и посипете со презла. Истурете ја смесата и одозгора наредете ги сливите. Тортата се пече на 180 степени околу 30 минути. Готов е кога ќе добие убава златна боја и ќе се одвои од рабовите на тавата.

4. Можете да го послужите со топка сладолед од ванила или малку изматена слатка павлака.