Колева: Мора да има одговорност за скандалот со лажните анкети

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Скандалот со лажните анкети покажа дека постои спрега помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, државната телевизија и општини под капата на оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ ги применува истите форми на делување и злоупотребување на државните ресурси како и пропагнада од најславните денови на Никола Груевски.

Тоа значи и еден систем на злоупотреби за кои мора да има одговорност и постапување од надлежните институции.

Во документите од оперативен план на ДПМНЕ меѓу задолжените за креирање емисија два пати неделно со анализирање на анкети од ИПИС, со повикување аналитичари, со отворање дувла е наведен и директорот на националниот сервис.

Националната телевизија МТВ е платена со пари од граѓаните и не смее да биде дел од партиски агенди и пропагандистички активности.

За градоначалниците на ДПМНЕ пак е предивдена „обврска“ кон Владимир Божиновски.

Затоа за овој скандал потребно е постапување на сите законски надлежни институции.

Почитувани граѓани, ова е уште една потврда дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.

Тоа е истата партија која ја урна слободата, ја зароби државата и која повторно и повторно сака да го прави истото.

Затоа продолжувањето по европскиот пат е многу важно за слободата. Не смееме да дозволиме враќање назад.

Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме.

На овие избори граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат враќање назад, новите фабрики на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв.

Или да направиме нов чекор кон полноправно членство во ЕУ, кон врвна слобода и функционални институции.