Колку долго може да остане руската салата во фрижидер?

Познатата руска салата, популарно јадење на трпезата особено сега за време на празниците, може да биде вистински предизвик кога е складирањето во прашање. За да уживате во нејзиниот вкус, а воедно и да ја зачувате во безбедни услови, важно е да следите неколку правила.

Важно е да се нагласи дека оваа салата, токму поради нејзините состојки како јајца или мајонез, не може да стои секаде. Салатата треба да се чува на ладно и само по потреба да се вади од фрижидер во кој треба добро да се завитка. Алуминиумската фолија е предмет која сите ја користиме, но за да избегнете контакт со воздух и побрзо расипување, треба да ја префрлите во сад со добар и цврст капак.

Кога ќе го извадите од фрижидер за да го послужите, 
не се препорачува да го оставите надвор од ладилникот подолго од два часа. Руската салата може да се чува до 
три дена по подготовката, а некои велат и четири. Ако ја промени бојата и мирисот, ќе знаете дека е време да се збогувате со неа.