Едно од лицата кое ги забавуваат присутните на Олимписките игри во Париз е легендарниот рапер Снуп Дог, кој според медиумите заработува вистинско богатство за овој ангажман.
Како што пишуваат медиумите, Снуп Дог за појавувањето на Летните олимписки игри во Париз добива по половина милион долари на ден.
Извршниот директор на NBC, наводно ја октрил оваа тајна и раскажал дека раперот заработува половина милион долари само поради тоа што е присутен во Париз и на тој начин ги промовира Олимписките игри.
„Час време покрај извршниот директор на NBC ми беше доволно за да дознам дека Снуп добива 500 илјади долари дневно, плус покриени му се трошоците за да биде тука и да ја промовира Олимпијадата“ изјави инвеститорот Хенри Мекнамара.
Снуп Дог досега е главен на трибините каде што ги следи речиси сите спортови, но тој и активно учествува во преносите од Олимписките игри на NBC, како дел од коментаторскиот тим.