Колку пари има Володимир Зеленски!? Објавен е имотниот лист на претседателот, бројката изненади многумина

Приходите на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговото семејство се намалени од 10,8 милиони гривни (285.000 американски долари) во 2021 година на 3,7 милиони гривни (97.700 американски долари) во 2022 година, пишува Украинска Правда.

Зеленски објави документи за неговиот имот, приходи, расходи и финансиски обврски за 2021 и 2022 година.

Според документите од 2021 година, приходот на семејството Зеленски изнесувал 10.824.507 гривни, вклучувајќи ги и приходите од продажба на државни обврзници во износ од 5.359.600 гривни.

Во 2021 година, приходот на неговото семејство главно се состоел од плати, банкарски камати и приход од изнајмување недвижен имот во вкупен износ од 5.464.907 гривни.

Приходите се намалени поради војната во Украина.

Приходите на семејството на претседателот во 2021 година се намалени за 11.922.320 гривни (околу 314.000 американски долари) во споредба со 2020 година, како и износот на готовина.

Според документите за 2022 година, приходот на Зеленски и неговото семејство изнесувал вкупно 3.692.683 гривни.

– Приходите на семејството на претседателот во 2022 година се намалени поради привременото раскинување на договорот за закуп на територијата на Украина поради почетокот на руската агресија врз нашата земја – објаснија од Кабинетот на претседателот на Украина.

Готовината на семејството Зеленски на крајот на 2022 година беше намалена за речиси 1.800.000 гривни (47.500 долари).

Во 2021 и 2022 година немаше други промени во сопственоста, недвижностите и возилата.