Колку често треба да се менуваат детските пижами? Секоја вечер? Еднаш неделно? Родителите често имаат сосема спротивни ставови за одредени методи на воспитување.
Експертите, пак, нагласуваат дека децата можат да носат пижами неколку пати по ред, но тие треба да се менуваат кога ќе забележите дамки или кога ќе се појави непријатен мирис.
„Проблемот е што децата стануваат повалкани од возрасните, па овие дамки и мириси се појавуваат почесто. Како општо правило, колку ткаенината е посветла и помека, толку почесто треба да се мие. Но, се додека не забележувате дамки, децата можат неколку пати да носат облека пред да ја исперат“, нагласуваат тие.
Филип М. Тиерно, клинички професор по микробиологија, изјави за Business Insider дека кога станува збор за постелнината, сепак, работите се поинакви.
Ова треба да се менува еднаш неделно. Тиерно објаснува дека нашите кревети можат брзо да станат „ботаничка градина“ на бактерии и габи од нашите тела, па затоа е важно да ги одржуваме свежи и чисти.