Колку чини паркирање на аеродром во градовите од земјите од регионот?

Летната сезона е најфрекфрентниот период на балканските аеродроми. Тоа е период кога иселениците од земјите од регионот се враќаат во своите родни краишта, но и време на летните годишни одмори кои жителите ги користат за летување во странство.

Еден фактор што често се занемарува при планирањето на вашиот буџет за патување е прашањето за паркирање на аеродром. Престојот од неколку минути или часови можеби не е многу важен, но за оние кои ќе го остават автомобилот на аеродром до враќањето, може да се соочат со неверојатни сметки.

Аеродромите во регионот се разликуваат многу еден од друг во однос на цените за паркирање. ТРТ Балкан во продолжение ви дава приказ на цените за паркинг на аеродромите во градовите од земјите од регионот, врз основа на официјалните веб-страници на аеродромите.

Приштина и Тирана најскапи за кратко користење паркинг на аеродром

Според официјалните ценовници, излегува дека аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина е најскап за паркирање на краток период, во споредба со другите аеродроми во регионот. На аеродромот во Приштина паркинг до еден час чини 2 евра.

Второ најскап аеродром за паркинг е аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана, каде еден час чини 1,92 евра. Потоа, следуваат Белград (1,7 €), Скопје (1,6 €), Сараево (1,53 €), додека најевтин паркинг е во Подгорица, 1 евро за еден час.

Еднодневен паркинг на аеродром: Најевтина Приштина, најскапа Подгорица

Што се однесува до цените за еднодневен паркинг на аеродромите во земјите од регионот, Приштина ја има најниската цена.Ако одлучите да го оставите автомобилот на аеродром на еден ден, тоа ќе ве чини 8 евра дневно. За автобуси и други поголеми возила паркирањето чини 10 евра дневно.

Сараево и Белград со речиси идентични цени (12,78 евра и 12,79 евра) доаѓаат по Приштина како најевтини аеродроми за дневно паркирање.

Потоа, како аеродроми со најниски цени за дневен паркинг следуваат Скопје (13,6 евра) и Тирана (14,4 евра). Додека пак, најскап во регионот за дневен паркинг е аеродромот во Подгорица, каде за секои 24 часа паркирање се плаќа по 24 евра.

ТРТ БАЛКАН