Заменик-помошникот генерален секретар за политички прашања и безбедносна политика на НАТО и специјален претставник на Генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија Хавиер Коломина денеска ќе престојува во посета на Република Македонија и ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Теми на средбата, како што најави МНР, ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, со фокус на состојбите во регионот на Западен Балкан, континуираната поддршка за Украина во контекст на руската воена агресија, како и сложената ситуација на Блискиот Исток.
По средбата, најавена е прес-конференција на Османи и Коломина.