Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Скопје, 23 август 2025 година – Во неделата од 18 до 22 август 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 224 трансакции, со вкупен промет од 159.449.349 денари и 14.816 тргувани хартии од вредност. Индексот МБИ10 бележи умерена нестабилност, со неделен финиш на ниво од 10.394,89 поени, што претставува раст во однос на почетокот на неделата.
На официјалниот пазар беа реализирани 219 трансакции, со вкупен промет од 46.356.933 денари. Главниот фокус беше ставен на финансиските и фармацевтските акции, со значителен придонес од Комерцијална банка (KMB) и Алкалоид (ALK). Најголем дел од ликвидноста беше концентриран во неколку издадатели, додека останатиот дел од пазарот беше со ниска активност.
Најтргувани хартии од вредност
Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – промет: 20.715.628 денари, 93 трансакции
Алкалоид АД Скопје (ALK) – промет: 14.290.290 денари, 52 трансакции
Макпетрол АД Скопје (MPT) – промет: 2.088.000 денари, 7 трансакции
Топ 3 добитници на неделата
ТТК Банка АД Скопје (TTK) – раст од 2,44 % (од 1.640 на 1.680 денари)
Македонски Телеком АД Скопје (TEL) – раст од 1,14 % (од 440 на 445 денари)
Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – раст од 0,34 % (од 28.301 на 28.398 денари
Топ 3 губитници на неделата
Реплек АД Скопје (RPLK) – пад од 2,13 % (од 15.939 на 15.600 денари)
Алкалоид АД Скопје (ALK) – пад од 2,62 % (од 26.700 на 26.000 денари)
Раде Кончар АД Скопје (RCON) – пад од 2,80 % (од 2.500 на 2.430 денари)
Обврзнички пазар
Во текот на неделата не беа реализирани трансакции со државни или корпоративни обврзници. Индексот ОМБ остана стабилен на ниво од 127,48 поени.
Јавни понуди и блок трансакции
Реализирана беше јавна берзанска аукција на акции на ВВ Тиквеш (TIKV) со вкупен промет од 112.805.016 денари, на 10.646 акции.
Дополителни две блок трансакции со ВВ Тиквеш беа реализирани во вредност од 52.550.000 денари.
Берзанската недела од 18 до 22 август 2025 беше обележана со висока ликвидност, доминација на Комерцијална банка, силно тргување со Алкалоид и значаен раст кај ТТК Банка. Иако некои акции бележеа негативни приноси, вкупниот пазарен тон беше позитивен, особено поради големите трансакции со ВВ Тиквеш.