Одборот за надворешна политика на турскиот парламент денеска ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што е клучен чекор кон проширување на Алијансата, по 19 месеци одложувања во кои Анкара бараше отстапки од Стокхолм.
Следниот чекор ќе биде гласање за кандидатурата на Шведска во парламентот за неколку недели кога се очекува турските пратеници да го поддржат предлогот.