„ ДАЛИ ПРИЧИНАТА СЕ ТИЕ ? “ Компанијата „Тесла“ ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата светска работна сила
Американскиот производител на електрични возила (ЕВ) Тесла ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата глобална работна сила, се вели во интерниот допис на компанијата.
„Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, наведе во дописот, извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск.
Тој истакна дека по анализата на трошоците, компанијата донела „тешка одлука“ да го намали бројот на своите работници ширум светот за повеќе од 10 проценти. Компанијата имаше 140.473 работници ширум светот во декември 2023 година, па се претпоставува дека повеќе од 14.000 луѓе ќе останат без работа, иако точниот број не беше наведен во дописот.
Исто така, постои постојан притисок од Кина бидејќи порастот на нивните евтини електрични возила почна да го преплавува пазарот со достапни модели.
Дали овој кинески раст е поттикнат од отпуштања?