Компанијата Space Perspective ќе организира венчавки во вселената

Ко-основачот на Space Perspective, Џејн Појнтер, сака да биде првата што ќе понуди можност за брак во вселената.

Зборувајќи за The Cool Down за време на викендот, Појнтер рече дека веќе има заинтересирани да се венчаат во вселената, а церемониите ќе се изведуваат на вселенското летало Нептун.

„Има парови кои сакаат да бидат првите што ќе се венчаат во вселената, па ќе видиме кој ќе биде тоа“, рече Појнтер.

Вселенското летало Нептун е развиено за да биде прифатливо, одржливо и безбедно на или над планетата Земја. Се состои од SpaceBalloon, Reserve Decent System и Neptune Capsule.

За разлика од другите вселенски летала каде дел од екипажот се одвојува од еден систем за време на летот и се префрла на друг систем за летање, капсулата на вселенскиот летало Нептун останува поврзана со SpaceBalloon во текот на целиот лет, од полетување до слетување, со што нуди безбеден и удобен лет.

Компанијата има одговор и на прашањето за одржливото работење.

„Вселенскиот брод Нептун патува во вселената со помош на нашиот SpaceBalloon, кој користи обновливи извори на водород, без ракети и придружниот јаглероден отпечаток. Наместо да полетаме со експлозија, ние полека се креваме со 19 km/h, така што ова искуство е достапно за секој кој е здрав способен за летање со комерцијални авиони Нашиот балон е докажана технологија која со децении се користи од нашиот тим со НАСА и други владини агенции за подигнување на истражувачки телескопи и други тешки чувствителни инструменти“, велат од компанијата.

Нептун го има својот примарен систем за летање, а опремен е и со помошен систем за слетување составен од четири падобрани сместени помеѓу капсулата и SpaceBalloon. Падобраните можат незабележливо и во моментот да ја преземат функцијата на примарните системи доколку се потребни, со што се гарантира безбедно слетување. Ваквите падобрани се користат со децении и се 100 отсто успешни.

Компанијата Space Perspective сака да го овозможи вселенското патување за што повеќе луѓе.