Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на хигиената и управувањето со отпадот во градот. Во изминатите денови, на повеќе локации низ Битола беа поставени нови контејнери за собирање отпад, со цел да се олесни процесот на селекција и рециклирање.

Од претпријатието апелираат до граѓаните совесно да го користат новиот систем и да ја селектираат хартијата, пластиката и останатиот отпад во соодветните садови.
„Со овој проект се стремиме да ја подигнеме еколошката свест и да создадеме поуредена и почиста Битола. Селекцијата на отпадот е важен чекор кон позелен град и поквалитетен живот за сите“, велат од ЈКП „Комуналец“.
Акцијата е дел од пошироката стратегија за подобрување на урбаната средина и современо управување со отпадот во Битола, која ќе продолжи и во следните месеци со поставување нови контејнери и редовно одржување на јавните површини.