После Албанија и Косово, италијанскиот ланец супермаркети Конад (Conad) најавува влез и на пазарот во Македонија. Според компанијата, ова е дела од нивната стратегија за зголемување на своето меѓународно присуство и зајакнување на позицијата на Балканот, која ја вклучува и Црна Гора.
Конад, како еден од водечките ланци супермаркети во Италија, во наредните години планира да отвори неколку продавници во Македонија.
Конад управува со модерни супермаркети опремени според највисоките меѓународни стандарди и бележи позитивен раст на бизнисот во последните години.
Конад Албанија е дел од групата Конад Адријатико. Филијалата на Конад во Албанија објави дека планира да го прошири синџирот на нови пазари и да влезе во Македонија и Црна Гора.
Првите супермаркети Конад во Италија беа отворени во 1962 година. Овој италијански синџир е присутвен и во Сан Марино, Кина и Малта.