КОНВОЈИТЕ НА БОРЦИТЕ НА ВАГНЕР ЈА НАПУШТААТ БЕЛОРУСИЈА И ОДАТ ВО РУСИЈА? Се огласија и порачаа: Ќе кажеме само едно – се движиме
Откако „Вагнер“ и Кремљ потврдија дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа во близина на Москва , Украинскиот национален центар на отпор објави дека конвои борци на Вагнер ја напуштаат Белорусија и се упатиле кон Русија.
Извори во Белорусија велат дека некои од базните кампови на Вагнер се веќе демонтирани во текот на ноќта од среда кон четврток и дека членовите на приватна воена група формирале конвои за да ја напуштат земјата.
– Колоните најверојатно одат кон границата со Русија – соопштија од Центарот.
Според извори на Центарот во Белорусија, белоруската влада не го одобрила повлекувањето на групата платеници. Белоруските специјални служби наводно се обидуваат да пресретнат конвои на границата.
Веста ја пренесе и Би-Би-Си, истакнувајќи дека се уште нема официјална потврда. Се додава дека сите мобилни мрежи во близина на камповите се во прекин.
Да потсетиме, шефот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин и неговиот истакнат командант Дмитриј Уткин биле меѓу патниците во авионот што се урна во Русија, соопшти руската владина агенција за воздухопловство, додавајќи дека ниту еден од патниците не преживеал.
Претходно руската агенција за цивилно воздухопловство Росавијација само објави дека Пригожин е на списокот на патници на соборениот авион.
Но, доцна во средата, агенцијата ги објави имињата на сите седум патници и тројца членови на екипажот за кои сега се знае дека биле во авионот Ембраер што се урна во средата во близина на Москва.
Сепак, ниту Росавијација, ниту кој било друг руски функционер сè уште недвосмислено изјавиле дека Пригожин е убиен. Се уште нема официјална реакција од руските власти за несреќата.
Телеграмските канали поврзани со Вагнер се запалија веднаш штом беше потврдено дека Евгениј Пригожин се наоѓа во мал приватен авион што се урна во близина на Москва.
“Отворено кажуваме дека главните осомничени за смртта на Пригожин седат во Кремљ. Државници на чело со Путин се обидоа да го убијат. Сите се прашуваат што ќе правиме ако се потврди смртта на Пригожин. Ќе ви кажам само едно – подгответе се за Ние ќе организираме втора кампања на Москва“, беше објавено на каналот Зелена зона.