КОНЕЧНА ОДЛУКА ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА – Еве ги санкциите за судиите кои го оштетија Ливерпул

Дарен Ингланд и Ден Кук, судиите од ВАР собата, се отстранети од списокот на судии задолжени за натпреварите поради нивните пропусти на натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул (2:1).

Нивните лоши одлуки го оштетија Ливерпул и спречија подобар резултат за тој тим.

По завршувањето на натпреварот, Здружението на судии (PGMOL) веднаш ги призна грешките и изјави дека човечкиот фактор во ВАР просторијата е клучната причина за проблемот. PGMOL најави дека ќе преземе санкции против Дарен Ингланд и Ден Кук, кои брзо ги спроведоа.

Дарен Ингланд и Ден Кук донесоа неправилни пресуди за офсајд во критичните моменти од натпреварот, што предизвика големи контроверзии и незадоволство.

Поради суспензијата, тие нема да одговараат за ВАР на претстојните натпревари меѓу Нотингем и Брентфорд, како и на дуелот меѓу Фулам и Челзи. Наместо тоа, тие натпревари ќе ги надгледуваат нивните замени.