Конечно откриено меното на Јелена Карлеуша! Сега е јасно зошто драстично ослабе, вистината излезе на виделина

Познато е дека Јелена Карлеуша многу се грижи за својот изглед, а освен што го исклучува месото од своето мени, на истото мени нема ниту слатки, ниту многу други работи.

Карлеуша во една прилика истакна дека никогаш во животот не пиела кафе, и дека пие и до три литри вода дневно, па не е чудно од каде добила толку совршен изглед.

–  Здравјето доаѓа апсолутно и само преку устата. Вие сте здрави во зависност од она што јадете. На крајот на краиштата, погледнете се во огледало голи. Сликата јасно ќе ви каже каде грешите. Никогаш во животот не сум била болна и верувам дека за тоа е заслужна исхраната без месо, со минимум животински протеини во форма на јајца, риба и млечни производи. Прво јадам многу овошје, а потоа зеленчук  – истакна во една прилика Карлеуша.

Јелена неодамна драстично ослабе и ја доведе својата фигура до совршенство, а нејзините фотографии од Дубаи предизвикаа хаос на мрежите, па многумина веднаш почнаа да се прашуваат што јаде Карлеуша, а еве го одговорот:

ПРВ ДЕН

Појадок: Кашкавал со малку маснотии 400 грама, две кришки интегрален леб, салата

Ужина: две јаболка

Ручек: Грашок со зеленчук околу 400 грама и салата

Вечера: Салата со тиквички

ВТОР ДЕН

Појадок: овесни снегулки 4 лажици, микс од овошје, чиа семе

Ужина: 300 грама цреши

Ручек: Печен боранија со зеленчук, салата

Вечера: Кисело млеко 360 милилитри и салата

ТРЕТ ДЕН

Појадок: Мафини со тиквички, салата

Ужина: Витаминска салата со црвена зелка

Ручек: Печурки со зеленчук

Вечера: пијалак од зеленчук