Исхраната е исто така многу важна во контролирањето на холестеролот, а одредени намирници можат да помогнат во намалувањето на нивото на холестерол.Еден од нив е и оревите, како најдобри јаткасти плодови кои можат позитивно да влијаат на здравјето на срцето. Како што е соопштено од Eating Well, консумирањето од 30 до 60 грама ореви дневно во текот на две години може да го намали вкупниот холестерол и ЛДЛ холестеролот за околу четири проценти.
“Високите нивоа на лошиот ЛДЛ холестерол може да доведат до таложење на наслаги во артериите, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Спротивно на тоа, добриот холестерол помага да се отстрани вишокот холестерол од крвотокот”, објасни диететичарката Венди Базилијан.
Со два грама влакна по порција, јадењето ореви може да помогне во управувањето и намалувањето на холестеролот.
„Влакната во оревите помагаат да се намали нивото на холестерол со врзување за холестеролот во дигестивниот систем и помагање во неговото излачување“, вели диететичарот.
Оревите се богати со два вида здрави полинезаситени масти, имено алфа-линоленска киселина и омега-3 масни киселини од растителна основа кои помагаат во регулирањето на ЛДЛ холестеролот и триглицеридите. Покрај тоа, овие масти придонесуваат за намалување на штетниот холестерол.
Исто така, оревите се богати со полифеноли кои делуваат како антиоксиданти. Тие ги неутрализираат слободните радикали, намалувајќи го оксидативниот стрес и воспалението. Овие јаткасти плодови имаат позитивен ефект врз здравјето на цревата со поттикнување на растот на корисни бактерии. Здравата цревна флора е поврзана со пониско ниво на холестерол, што дополнително придонесува за здравјето на срцето.