Конкурсот за вработување на 150 полицајци во Северна Македонија е сè уште отворен

МВР објави оглас за вработување на 150 нови полицајци на 17 јули. Огласот ќе биде отворен уште 14 дена. 

„Јавен оглас за засновање работен однос за 150 изведувачи на работното место „Полиција“ за работа во Министерството за внатрешни работи, поточно во Секторот за внатрешни работи Скопјe 150 изведувачи“, објаснуваат од МВР.

Во Конкурсот се наведени некои од условите што кандидатите мора да ги исполнат: да бидат државјани на Република Северна Македонија; – да бидат полнолетни и да немаат наполнето 25 години; активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилично писмо; да имаат завршено најмалку четиригодишно средно образование; да не се осудувани, да не се членови на политичка партија и други услови наведени во Конкурсот, како што се висина од најмалку 170 см за момчиња и 160 за девојчиња.