Конор Мекгрегор фатен како се бакнува со непозната бринета на плажа: Неговата свршеница му посакува среќен роденден и покрај тоа (фото)
Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор беше фатен како се бакнува со непозната жена на плажа во Форт Лодердејл, Флорида, и иако не се ни потруди да се скрие од љубопитните погледи, се чини дека неговата свршеница Ди Девлин не беше премногу потресена од фотографиите додека му честиташе среќен роденден.
Мекгрегор преку ден ја обсипуваше непознатата жена со бакнежи на плажата во Форт Лодердејл, Флорида, додека неговата верна партнерка Ди Девлин не ја гледаше никаде.
Ова е само последниот во низата инциденти што ја ставија ирската ММА ѕвезда во центарот на вниманието, а неодамна се најде на насловните страници откако нокаутира млад човек во ноќен клуб.

Сепак, се чини дека и покрај очигледното неверство, на неговата свршеница Ди Девлин не ѝ е гајле и му честиташе среќен роденден на Инстаграм.
Таа сподели фотографија од својот фан профил на која пишуваше: „Среќен роденден на личноста што секогаш ја забавува Ди и ја прави да се смее“.
Подоцна додаде неколку фотографии од себе и Мекгрегор како се смешкаат заедно.
Ова не е првпат Девлин да застане на страната на Мекгрегор во правни и лични предизвици. Во 2024 година, таа го придружуваше на неговото судење во Даблин откако тој беше прогласен за одговорен во граѓанска постапка за сексуален напад врз жена додека беа заедно.
„Мојата свршеница и јас создадовме прекрасен живот заедно“, рече Девлин кратко по судската постапка: „Го сакам, му верувам. Нашето семејство е силно!“.