Контроверзниот српски политичар Срѓан Ного тврди дека покрај Вања, требала да биде убиена и нејзината помала сестра. Вели целта не била изнуда туку убиство и на двете девојчиња. Среќната околност за сестрата на Вања според контровезниот политичар била што помалата сестра немала прв час тој ден.
Вања Ѓурчевска е убиена во нарачана и платена ликвидација. Никогаш не постоел план таа да се киднапира поради откуп. Туку од почетокот е планирано нејзино убиство и убиство на нејзината сестра. Тој план требаше да биде реализиран уште во петок на 24-ти ноември. Среќа во несреќа е што тој ден нејзината помлада сестра Миња немала прв час, па ја киднапираа и убија само Вања, вели контроверзниот Ного.
Контроверзниот политичар се сомнева и околу мотивот за евентуално киднапирање. Вели таткото бил имотен човек и немал потреба од дополнителни финансии, а и да имал можел да ги обезбеди со продавање на некој од неговите станови.
-Зошто би влегувал во така небулозна ситуација кога има три стана во свое сопствеништво. Да му требале пари можел без никаков проблем да продаде некој од своите станови, или дури и сите три, и да земе 500 илјада евра за нив. Становите се негови и со нив може слободно да располага,вели Ного.
Констровезрзниот Ного тврди дека Александар Ѓурчевски, таткото на Вања бил човекот кој на полицијата и открил се околу убиството на неговата ќерка, а не дека е виновен за убиството.