Контроверзната актерка проговори за аферата со принцот Хари

Мемоарите на принцот Хари привлекоа големо внимание кога ги објави.

Мемоарите наречени Спар, што значи резерва, навестуваат како принцот Хари ја доживува својата позиција во кралското семејство.

Читателите можеа да дознаат многу важни и неважни информации во мемоарите на принцот, а едно е сигурно, тој успеа да го налути кралското семејство како и Британците.

Една од работите што ги допре беше времето кога ја имаше првата сексуална врска. Како што открил, тоа било со една постара жена, во поле зад паб.

Многу брзо почнаа шпекулациите за тоа која е жената со која принцот Хари ја изгубил невиноста, а многу озборувања доведоа до Елизабет Харли , која уште еднаш се навраќаше на тие гласини и даде свој коментар во емисијата Гледајте што се случува во живо!

“Тоа беше смешно. Тој рече: Таа беше Англичанка, постара од мене, тоа се случи во Глостершир, а потоа сите рекоа: Ах, тоа е Елизабет. Тоа е апсурдно. Беше лудо”, рекла актерката.

Како што додала, никогаш не го ни видела принцот Хари.