Конфедерацијата на синдикати бара минималната плата да се зголеми на повеќе од 1800 денари

Конфедерацијата на синдикати ќе бара повисока минимална плата од предвидената со закон. Според Марјан Ристески, 1800 денари не се доволни и бараат Владата и економско-социјалниот Совет да застанат на нивна страна во однос на зголемувањето на минималецот.

Според Ристески, на средбата што ќе ја имаат со Владата, ќе се разговара и за недела како неработен ден а Конфедерацијата на синдикати остава простор овој ден да се искористи за активности кои и се неопходни на државата.

За зголемувањето на минималната плата, Ристески додаде дека економско-социјалниот Совет е местото каде што треба да се приложат сите барања и каде треба да се најде заеднички договор, ако не, како што рече Ристески, тогаш како конфедерација ќе одлучат што да се преземе во иднина.