КОНФИСКУВАН ИМОТОТ НА ТАТКОТО НА МОМЧЕТО-МОНСТРУМ – Семејствата на убиените деца ‘збеснале’ кога дознале што се обидел да направи тој од притвор…

Судија за претходна постапка од Високиот суд во Белград донесе одлука со која му забранува на таткото на момчето-монструм, Коста К., кој уби осум девојчиња, едно момче и омилениот чувар од училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, да располага, отуѓува и оптоварува недвижен и движен имот чиј сопственик е тој, пишува српскиот веб-портал Nova.rs.

Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Како што соопштиле од Високиот суд во Белград за тамошните медиуми, станува збор за станот во Белград, делови од деловен простор во Белград и патничко моторно возило.

Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка.

Обвинетиот В.К. се товари за извршување на кривичното дело – тешко кривично дело против општата безбедност.

Според неофицијални информации, семејството на 13-годишното момче минатата недела му дало полномошно на нотарот целиот имот на нивно име да го пренесе на роднини. Семејствата на убиените деца решиле да поднесат приватни тужби против таткото и мајката и побарале од судот привремено да им го одземе имотот.