Коприви и мед: Еве како да направите моќен еликсир за крвна слика и имунитет

Неопходно е

* 1 кг мед

* 5 шаки коприви

* сок од еден лимон и кора од 1 лимон

Подготовка

Во стаклена тегла убаво измешајте ги медот и сечканата коприва, масата да биде компактна и рамномерно соединета. Ставете не повеќе од пет грст коприви на килограм мед. Можете да додадете и рендана кора од лимон, како и сок од еден лимон. Препаратот треба да се зема наутро, на празен стомак, со малку млака вода, најмалку 15 минути пред појадок.

Пред да користите каков било природен еликсир, важно е да се консултирате со лекар за да ја одредите најдобрата опција за вашето здравје. Познато е дека Копривата не смеат да ја користат трудниците, без разлика што често се анемични, а се советува внимателност на лицата кои земаат диуретици. 

коприва-shutterstock.jpg

Симптоми на анемија

Ако чувствувате замор, слабост, исцрпеност, недостаток на енергија, несвестица, вртоглавица, отежнато дишење, главоболка, забрзано чукање на срцето и бледо лице, треба да се сомневате дека сте анемични. Кај потешките форми на анемија, може да се јави и болка во градите.

Коприва, совршен борец против анемија

Копривата содржи големи количини на железо, што ја прави совршен сојузник против анемија. Освен со железо, копривата е богата со минерали како калциум, магнезиум, фосфор и силициум. Има антибактериски, антивирусни, антиинфламаторни, диуретични својства, ја намалува болката и го запира крварењето.

Шумски мед, најдобар за анемија

Редовната употреба на мед и други пчелни производи го подобрува здравјето и виталноста на организмот и ја зголемува неговата отпорност на многу заразни и други болести. За анемија, апитерапевтите препорачуваат шумски мед бидејќи содржи 13 пати повеќе минерални материи од цветниот мед, а особено е богат со железо .