Корисниците на Нетфликс избраа една од најдобрите ВИДЕО серии

Корисниците на Нетфликс пофалија корејска серија.

Корејската серија The Glory, која се емитуваше од 2022 до 2023 година на Нетфликс, собра бројни позитивни коментари во група на Фејсбук.

The Glory е психолошка трилер серија, која за разлика од другите серии на Нетфликс има една сезона, но дури 16 епизоди.

За што се работи?

Серијата е инспирирана од вистински настан од 2006 година, кога ученички од едно основно училиште брутално ги малтретирале своите врсници. Тие девојки се среќаваат 20 години подоцна и една од нив сака да се одмазди.

The Glory веднаш ги воодушеви критичарите, но и просечните гледачи, кои се согласуваат дека ова е една од најдобрите корејски серии.