Слаткиот сок од манго има голем број корисни својства исто како што имаат соковите од останатите овошја. Мангото содржи витамини Б (Б1, Б2, Б5, Б6, Б9), витамини А, Е, Ц и Д и минерали: цинк, манган, железо и фосфор.
Второ, мангото е одличен антиоксидант и плод што содржи многу влакна. Поради тоа, прочитајте ги петте причини зошто да го вклучите ова овошје во вашата исхрана. Бидејќи содржи многу растителни влакна, има позитивно дејство врз желудникот и врз цревата. Редовната употреба на овој плод го забрзува метаболизмот.
Тие што сакаат да изгубат тежина треба да го внесат мангото во исхраната. Покрај тоа, мангото има корисен ефект врз функционирањето на желудникот, што е исто така важно за слабеење. Мангото е исто така корисно за борба против депресијата. Ова овошје содржи растителен ендорфин – супстанција која го подобрува расположението, па затоа е еден вид антидепресив кој ја ублажува нервната напнатост.
Мангото содржи витамини А и Ц кои се вклучени во создавањето колаген – протеин кој обезбедува еластичност на кожата. Сто грама сушено манго има околу 350 калории, а во свежото овошје има 67 калории. Сепак, и сушеното манго го има потребното ниво на влакна, но треба да се јаде во умерени количини.