Воопшто немашр среќа…
Голем пех се случи на Олимписките игри кога познатиот британски пливач Адам Пити беше позитивен на корона вирусот малку време по неговиот голем успех.
Имено, само еден ден откако го освои сребрениот медал на трката на 100 метри градно, доби многу лоша вест која може да го оддалечи од натпреварувањето.
Тој, сепак, се надева дека нема да има поголеми проблеми, дека многу брзо ќе може да се врати во натпреварувањето, со надеж дека брзо ќе закрепне и дека прописите нема да бидат престроги.
– Адам Пити почна да се чувствува лошо во неделата, пред финалето на трката на 100 метри градно. Во часовите по трката, неговите симптоми се влошија и тој беше тестиран за Ковид во понеделник наутро. Тој е позитивен во моментов. Пити се надева дека ќе може да се врати во натпреварувањето. Како и во случај на било која друга болест, ситуацијата е под контрола, а преземени се сите стандардни мерки на претпазливост – соопштија од британскиот тим.
Како што сега е познато Пити треба да настапи во машка и мешана штафета 4х100 метри, а на програмата ќе биде на 4 август, па ќе има речиси една недела за опоравување.