Корумпирани функционери украле 40 милиони долари во Украина наменети за купување оружје

 – Вработени во украинска компанија за производство на оружје обвинети се за заговор со функционери од Министерството за одбрана за проневера на близу 40 милиони долари наменети за купување на 100.000 минофрлачки гранати за потребите на војската во војната против Русија.

Украинската служба за безбедност доцна синоќа соопшти дека се обвинети 5 лица, а едно е приведено во обид да ја премине украинската граница.

Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува казна до 12 години затвор.

Истрагата доаѓа во момент кога Киев се обидува да ја сузбие корупцијата за ги забрза своите интеграции во Европската унија и во НАТО. Официјалните лица од двата блока бараат широки реформи против корупцијата.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, избран е на антикорупциската платформа 2019 година, многу пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. И претседателот и неговите помошници, ги отсликуваа неодамнешните отпуштања на највисоките фукционери, особено на Иван Баканов, поранешен началник на Службата за државна безбедност, како доказ на нивните напори во борба да ја елиминираат корупцијата.

Официјални лица од безбедноста велат дека моменталната истрага датира од август 2022 година, кога фунционерите потпишале договор за артилериски гранати во вредност од 1,5 милијарди гривни (39,6 милиони долари) со компанија за оружје „Lviv Arsenal“.

По уплатата, вработените во компанијата требало средствата да ги префрлат на фирма регистрирана во странство, која потоа муницијата би ја испорачала во Украина.

Меѓутоа, муницијата никогаш не е испорачана, а парите е испратени на различни сметки во Украина и на Балканот, информираа истражителите. Украинскиот главен обвинител вели дека средствата во меѓувреме се запленети и ќе бидат вратени во буџетот за одбрана на земјата.