Косово усвои нова одбранбена стратегија – Вучиќ ‘изненаден’: “Ако тоа се случи, нема знак за договор…“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ кажа дека се надева оти косовските институции нема да се обидат да ја спроведат стратегијата што ја смислуваат, според која нивните сили би биле на територијата на цело Косово.
„Се надевам дека тоа нема да се случи бидејќи тоа би значело дека веќе нема никаков знак за некаков договор. Тоа значи дека тие сакаат ескалација на конфликтот и ништо друго“, изјави Александар Вучиќ.
Владата на Косово усвои нова одбранбена стратегија со која се предвидува косовските сили да бидат распоредени на целата територија на Косово, вклучително и на северот, кој е оспорен од Србите.
Според сегашните договори, специјалните сили на косовската полиција не можат да влезат на северот на Косово без посебна дозвола од командата на КФОР.
Потсетуваме, Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти во март во Охрид постигнаа договор за нормализација на односите меѓу двете земји. Иако српскиот претседател тврди дека не потпишал ништо, Жосеп Борел вели дека договорот е валиден.
Од друга страна, косовскио премиер тврди дека „Охридскиот договор“ е де факто српско признавање на Косово.