КОСТА К. Е НАЈОПАСНИОТ ДЕТСКИ МАСОВЕН УБИЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА – Никој на негова возраст не убил повеќе луѓе од него…
Младото момче Коста К. (13 г.), кое во средата наутро уби осум соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, е најсуровиот масовен убиец на деца во историјата на светот, пишува Blic.rs
Меѓу сите масовни убијци во светот помлади од 14 години, што во Србија е законска граница под која детето не може кривично да одговара за кривично дело без разлика на бројот на жртвите, никој досега не убил толку жртви како Коста К., пишуваат соседните медиуми.
На пример, во 2019 година, Кајл Алвуд убил пет членови од неговото семејство кога ја запалил семејната куќа во Илиноис, САД. Тој тогаш имал само 9 години. Во 1998 година, Ендрју Голден (11 г.) и неговиот соучесник Мичел Џонсон (13 г.) убиле четворица ученици и еден наставник во средно училиште во Арканзас, а раниле уште 10. Бразилецот Марсело Едуардо Бово (13 г.) убил четири лица во Сао Паоло во 2013 година, по што и самиот си пресудил.
На оваа листа би можела да се најде и Германката Ајда Шел (13 г.), која убила шест бебиња во Минхен во 1907 година. Сепак, таа убивала периодично, па повеќе спаѓа во категоријата сериски убијци отколку масовни убијци.
Последното масовно злосторство од вакви размери, кое го извршил некој барем приближно на иста возраст како Коста К., се случило пред дури 65 години, во Соединетите Американски Држави.
Во 1968 година, девојката Керил Ен Фугејт, една година постара од Коста К. во времето на злосторството, убила 11 лица во крвавиот поход со убиецот Чарлс Старкведер (19 г.). По апсењето, таа стана најмладата жена во историјата на САД на која и се судело за најтешка форма на убиство. Таа била осудена на доживотен затвор, но била пуштена на условна слобода во 1976 година.
Но, ни ова грозоморно злосторство не може да се спореди со вчерашниот масакр во Белград, бидејќи го извршиле две лица заедно, а Коста К. тоа го направи сосема сам.
Ако се земат предвид и другите масовни убијци на возраст од 14 до 18 години, кои српскиот закон ги класифицира како малолетни, Коста К. исто така е еден од најсуровите на таа листа.
Тим Кречмер (17 г.) убил повеќе луѓе од Коста К. во 2009 година, кога пукал во средно училиште во Германија и убил 16 жртви. Напаѓачот тогаш се самоубил.
Џефри Џејмс Вајс (16 г.) бил ученик во средното училиште во Минесота, САД. Во 2005 година ги убил дедо му и девојката на дедо му, пред да започне средно училиште, а убил уште седум лица, вкупно девет. По злосторството се самоубил.
Ерик Борел (16 г.) бил средношколец кој во 1999 година во едно село во Франција го убил своето семејство, а потоа и 12 други луѓе. Зад себе оставил вкупно 15 жртви. По злосторството, тој се самоубил.
Сите се сеќаваме на масовните убиства во училиштата во САД. Меѓутоа, меѓу нив, медиумите најмногу ги покриваат оние што ги прават возрасните. Две 18-годишни девојчиња беа дел од крвопролевање во Колумбајн, додека масакрот во основното училиште „Сенди Хук“ го извршил 20-годишен напаѓач.