Коста сака да соработува со полицијата и да каже како Миљана му помогнала да го изврши масакрот во Рибникар!? Докторите се вчудоневидени колку момчето убиец ја мрази својата мајка!?

Момчето-убиец Коста Кецмановиќ, кој на 3 мај 2023 година изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“, кога со пиштолот на својот татко уби девет негови врсници и училишниот чувар, сега е сместен на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади.

Неговото однесување, во последните десет месеци од злосторството какво Србија не памети, секојдневно ги шокира лекарите и медицинскиот персонал на клиниката, а неговата ладнокрвност целосно ги скрши родителите на убиените деца на рочиштето во судскиот процес против неговиот татко, Владимир Кецмановиќ.

Како што пишуваат српските медиуми Коста во последно време повторува дека сака да соработува со полицијата, но по негови услови. Повторува и дека ќе ја демаскира својата мајка Миљана Кецмановиќ .

– Коста досега бараше да излезе надвор, бараше да оди, да гледа фудбал, хартии и боички да црта, имаше некои нереални желби… Покрај тоа, само молчеше, зборуваше само кога нешто сакаше, нешто што него ќе го исполни… Мајката не може да го види, има судски налог, а тој ни ја бара, ниту нема желба да ја види, ниту да разговара со неа, само сака да да и наштети – вели неофицијален извор и додава:

-Постојано повторува дека сака да соработува, дека се ќе каже детално, постојано повторува дека ќе открие како мајка му му помогнала. Работите што тој ги кажува се морничави. Сака да соработува со полицијата, но сака и да му се исполнат желбите, па ќе проговори, како што вели. Болно е да го слушаш, но неверојатно е колку ја мрази мајка си, барем преку тоа што го кажува – пишуваат српските медиуми.

За потсетување, во обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград беше предложено судот да го осуди таткото Владимир Кецмановиќ на 12 години затвор, а мајката Миљана Кечмановиќ на две и пол години.