Костовски: Разговорот Ковачевски – Таравари не е ништо ново, Алијанса за Албанците е наш коалиционен партнер

Мартин Костовски од СДСМ ја коментираше средбата помеѓу лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека сребдата е сосема нормална и очекувана.

„Алијанса е коалиционен партнер, и ова не е ништо ново двајца коалициони партнери да разговараат на партии кои ги поделиле ресорите. СДСМ веќе подолг период подаде рака за секој оној кој дели исти вредности и политики и кои се залага за интеграција на ЕУ, дали е тоа партија или поединец. И многу ми пречи во последно време дека ги декларираме тие коалици како етнички, меѓуетнички, туку терба да се направат вредносни коалиции“, рече Костовски, кој за евентуална коалиција со ДУИ одговори:

„Во моментов СДСМ како и сите партии прават свои испитувања, и воедно за коалицирање, и СДСМ ќе биде предводник на таа голема проевропска коалиција прво за претседател на државата, а потоа и на парламентарните избори. Се што кажавме, исполнивме, за разлика од Христијан Мицкоски“, изјави Костовски.