Костовски: Разочараните членови од ЗНАМ се враќаат во СДСМ

Разочараните членови на Движењето „ЗНАМ“ се враќаат во редовите на СДСМ, изјави денес Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

„Со јасни докази дека реформите во СДСМ се на завидно ниво, можам со аргументи да потврдам дека голем број луѓе, членови на „Знам“, се враќаат во СДСМ“, рече Костовски.

Тој додаде дека во моментов станува збор за три семејства од Куманово.

„Поранешни членови на СДСМ кои беа дел од „Знам“ сега се вратија во општинската организација на СДСМ во Куманово. Станува збор за три семејства и ова е тренд кој сигурно ќе продолжи низ цела Македонија. Во контакт сме со многу разочарани луѓе кои самите бараат да се вратат“, нагласи Костовски.