Кос: За време на мојот мандат сакам да завршат пристапните преговори со две или три држави од Западен Балкан

Сакаме Западен Балкан да биде дел од ЕУ, а тоа е важно за мирот и безбедноста, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Според неа има разлики меѓу земјите од Западен Балкан, но во текот на нејзиниот мандат очекува да завршат пристапните преговори со две или три држави, што значи затворање на сите преговарачки поглавја.

Водејќи се според мерит- системот досега, Црна Гора и Албанија предничат, но кога ќе има придвижување со Северна Македонија и Северна Македонија може брзо да напредува, рече Кос.