Која е најдобрата секс поза благодарение на која жената ќе доживее оргазам

Истражувањето откри која е најдобрата секс поза благодарение на која ќе му помогнете на партнерот да доживее оргазам.

Докторката Кимберли Лови водела тим на истражувачи со цел да ја утврдат врската помеѓу различните пози на коитус и нивната способност да ја доведат жената до оргазам.

Истражувачите од приватната гинеколошка ординација H Medical во Њујорк открија дека најдобар начин да се подобри протокот на крв во клиторисот е практикување на мисионерската поза, и покрај широко распространетото верување дека таа е најдосадна.

Една работа дополнително може да ви помогне да постигнете поголемо задоволство. Со помош на ултразвук за мерење на протокот на крв, истражувачите анализирале пар кој имал секс користејќи пет различни пози – каубојка, лотос, мисионерска поза со и без употреба на перница и положба на колена во која жената е наведната.

Откриле дека користењето перница за време на мисионерската поза овозможува подлабоко пенетрација и поефикасен оргазам. Тие додадоа дека користењето на оваа специјализирана перница го зголемува и притисокот врз клиторисот.