Една од ударните вести во Германија за време на викендот беше свадбата на ќерката на Михаел Шумахер, Џина, која стапи во брак со Јан Бетке. На церемонијата приствуваше семејството и пријателите, а свеченоста беше организирана во вилата од бајките во Мајорка, сопственост на Шумахер.
Како што пишуваат германските медиуми, легендарниот Михаел Шумахер речиси сигурно првпат се појавил во јавноста по несреќата на скијање во 2013 година.
Откако лекарите му го спасија животот на легендарниот Формула 1 возач, откако тој удри со глава во карпа на француските Алпи, за Шумахер не се знае речиси ништо, освен дека е под постојан лекарски надзор, а неговата фотографија никогаш не се појави во јавноста.
Како што наведе Билд, Шумахер се појавил на свадбата на својата ќерка, но не пред пошироката јавност, туку само пред неговото потесно семејство – сопругата Корина, ќерката Џина и нејзиниот нов сопруг, како и синот Мика и неговата девојка Лаила Хасановиќ.
Која е Лаила Хасановиќ?
Билд наведе дека данската манекенка, која е девојка на синот на Шуми, Мика, и било дозволено да го види Михаел во живо, што е најдобар знак дека е прифатена во семејството.
Лаила е родена во Данска, но по потекло е од Босна и Херцеговина, поточно од Сребреница, која често ја посетува.
Во 2019 година, таа исто така влезе во потесниот избор за Мис „Јуниверс“ на Данска, кога влезе во финалето на тој натпревар.
Таа е заинтересирана за новинарство, социјална работа, а студирала гимназија во Свендборг.
Двојката ја официјализираа врската минатото лето, кога почнаа да објавуваат заеднички фотографии и кадри од одморот, а претходно неколку пати беа видени во јавноста, дури и на некои трки на кои учествуваше Мика.
Лаила е заштитно лице на многу брендови, често снима кампањи за нив, а на Инстаграм објавува фотографии од многу патувања низ светот.
Таа беше во врска со познат фудбалер од Данска
Познато е и дека пред врската со Мик Шумахер имала врска со познатиот дански фудбалер и репрезентативец – Јонас Винд, кој пораснал во Копенхаген, а моментално игра за Волфсбург и се проценува дека вреди околу 20 милиони евра.
Лаила на Инстаграм има 337.000 следбеници, а германските медиуми очекуваат наскоро таа да го земе презимето Шумахер.