Која е 29-годишната девојка која ги заведе Клинт Иствуд (93) и Мик Џегер (79)? Сега е бремена со Ал Пачино (ФОТО)

Таа за прв пат е фотографирана со Џегер во 2017 година на турнејата на Ролинг Стоунс, а изворот тогаш изјави дека тие уживаат во времето заедно.

Холивудскиот актер Ал Пачино (83) ќе стане татко по четврти пат. Според странските медиуми, неговата 29-годишна девојка Нор Алфалах е веќе во осмиот месец од бременоста. Среќната вест ја потврди и портпаролот на Ал Пачино за американските медиуми.

Парот има голема разлика во години, меѓу нив има дури 54 години, гласините за нивната врска се разгореа минатата година кога папараците ги уловија на вечерно излегување. Имено, за време на еден викенд во април 2022 година, тие биле видени како уживаат во елегантна вечера  во Венис Бич, Калифорнија, по што заедно влегле во автомобил. 

Оваа филмска продуцентка е веќе позната по врските со постари мажи, па познато е дека го завела и Мик Џегер (79) кога имала 22 години, неколку месеци подоцна била фотографирана на вечера со Клинт Иствуд (93), а се дружела со милијардерот Николас  Бергруен (61) . 

Инаку, Нор е филмска продуцентка, иако зад себе нема многу проекти. Работела само на проекти како што се филмот „Боса ностра“ и „Ла Петит Морт“. Нејзиниот татко е од Кувајт, а мајка и Американка, поради што пораснала во Беверли Хилс. Студирала филм и театар на  UCLA, како и на Универзитетот во Јужна Калифорнија. 

За прв пат била снимен со Џегер во 2017 година на турнејата на Ролинг Стоунс. 

– Тој е во многу подобра форма од мене. Навистина го почитувам тоа што е толку дисциплиниран – изјави таа во едно од интервјуата, а извор близок до бендот изјави дека уживаат во времето заедно и дека Џегер, без разлика на годините, нема намера да успорува. 

Сепак, Џегер ја напуштил Нор за да посвети повеќе време на својата поранешна љубов, балерината  Мелани Хамрик  (36) со која е во врска од 2014 година, а заедно го имаат синот  Деверо Октавијан Басил Џегер.  По тоа раскинување, Нор започна да излегува со милијардерот Николас Бергруен,  за кого рече дека е само добар пријател. 

Неколку месеци подоцна била фотографирана со Иствуд како излегува од ресторан во Лос Анџелес, по што седнала на задното седиште од неговиот автомобил, а актерот ги возел во непознат правец. Таа за медиумите изјави дека не се работи за врска, туку дека се семејни пријатели, но малкумина и верувале. Кристина Сандера  (56), со која Иствуд беше во врска во последните девет години, никаде ја немаше на вечерата во ресторанот .

Таа се забавува со Пачино од минатата година, а на Инстаграм има само една фотографија со актерот.

Пачино никогаш не се оженил, но го поврзувале со многу познати колешки, меѓу кои и Дајана Китон. Тој беше во врска со аргентинската актерка Лусила Сола  една деценија , а со неговото име беа поврзани и имињата на Џил Клејбург, Пенелопе Ен Милер, Кетлин Квинлан и Линдал Хобс. Таткото на три деца ги одгледа и 21-годишните близнаци Оливија и Антон со својата поранешна партнерка Беверли Д’Анџело, со која беше во врска седум години, а раскинаа во 2003 година. Тој има и 32-годишна ќерка со неговата поранешна учителка по глума, Јан Тарант.