Која храна треба да ја избегнувате ако имате висок крвен притисок?

Храната што ја внесуваме во нашето тело може да има големо влијание врз нашиот крвен притисок, а Американското здружение за срце (АХА) советува дека во случај на висок крвен притисок, треба да консумираме што повеќе овошје, зеленчук, посни протеини и цели зрна.

Од друга страна, експертите препорачуваат и избегнување или барем значително ограничување на внесот на некоја друга, не толку здрава храна, пренесува Healthline.

Храната што луѓето со висок крвен притисок треба да ја избегнуваат вклучува:

  • сол
  • производи од месо
  • замрзната пица
  • кисели краставички
  • конзервирани производи
  • млеко и млечни производи
  • црвено месо
  • путер
  • алкохол

Како што објаснуваат експертите, секоја од овие намирници придонесува за дополнително зголемување на крвниот притисок, што може да доведе до бројни несакани последици.

Високиот крвен притисок или хипертензија погодуваат дури 47 отсто од возрасните во САД, а доколку не се препознаат навреме, со текот на времето може да предизвика здравствени проблеми, вклучувајќи болести на срцето и циркулаторниот систем, како и мозочен удар.