Кој беше Мирко Рашиќ – јутјуберот кој е пронајден мртов: Најпопуларниот автомеханичар во Србија ги разби предрасудите за механичарите (видео)
Мирко беше автомеханичар и инфлуенсер од Белград, а со татко му работел од деветгодишна возраст. Во последниве години, тој стана инфлуенсер во областа на механиката и автомобилизмот.
Своето стручно знаење го сподели со своите следбеници, а неговиот метод на толкување на мрежите привлече голем број ентузијасти на механичарите и автомобилите.
„Целата идеја произлезе од тоа што ми беше доста од сите автомеханичари да не гледаат стереотипно, генерализирајќи дека ние сме измамници кои сакаат да земат што е можно повеќе пари од луѓето, а не да им ја поправаат колата како што тие би сакале. Генерално, луѓето мислат дека ние не сме писмени, елоквентни, дека сме валкани и навистина сме запоставени во општеството“, изјави Мирко пред неколку години во емисијата Вирал.
Тој ги отфрли предрасудите дека автомеханичарите се валкани и често нечесни занаетчии.
YouTube каналот кој го носи неговото име има 143.000 следбеници. Многу е интересно што тоа му беше втор канал на YouTube, првиот му беше хакиран но за кратко време успеа да почне од нула и да добие уште поголем број следбеници. Покрај на Јутјуб, тој беше чест гостин и на телевизиски емисии, како и на едно белградско радио каде имаше своја емисија за автомобили.
Луѓето кои го познаваа кажуваа убави работи за него.
,,Одличен дечко, добар сосед, одличен автомеханичар, секогаш отворен за муабет, совет, шега, се трудеше да ги запознае сите кога ќе имаа проблем со колата” – го опишуваа луѓето.