Актерката Ева Лонгорија често е во центарот на вниманието не само поради мајсторски одиграните улоги, туку и поради изгледот на кој би можеле да и’ позавидат и многу помлади жени.
Нејзиниот 50-ти роденден штотуку помина и сè уште има приказни за тоа како била домаќин на бројни познати личности, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, а таа веќе подготвува нов спектакл и повторно мами воздишки.
Овојпат сите погледи беа насочени кон нејзиниот нов стајлинг.

Имено, актерката пристигнала на снимањето на шоуто „Добро утро Америка“ во Њујорк облечена во огнено црвен фустан над кој облекла палто во иста боја, а никој не останал воодушевен од начинот на кој го понесе овој многу храбар аутфит.
Иако жените често избегнуваат монохроматски стајлинзи, оној што го носеше Лонгорија е доказ дека тие не мора секогаш да бидат лош избор. Ева сака впечатливи бои, а ова е доказ дека можат да се носат со многу стил, но за ваков стајлинг често ви се потребни беспрекорни линии, кои Лонгорија дефинитивно ги има.
Прекрасниот црвен фустан со долги ракави е дело на познатата дизајнерка Monique Lhuillier. Елегантната креација одлично и прилегаше на нејзината извајана фигура, истакнувајќи ја нејзината половина и оцртувајќи ја нејзината силуета. Живописната црвена боја ја истакна нејзината исончана кожа и чоколадно кафената коса.
Својот беспрекорен стајлинг го заокружи со штикли во иста нијанса, дискретно ланче, тркалезни обетки и прстен.