А кој е бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков, кој од неодамна стапи на функција, и сега одби да ја прими протесната нота. Според информации на бугарското министерство за надворешни работи тој е дипломат од кариера со искуство во повеќе области на односите меѓу бугарија и земјите од западен балкан. професионалната кариера ја почнал во директоратот на Бугарското МНР за Југоисточна Европа каде што во различни периоди бил одговорен за Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, и работел на серија прашања од билатералните односи со овие земји, вклучително и нивната европска димензија.
Во Македонија, радуков бил трет секретар во Бугарската амбасада во периодот од 2010 до 2013 година, по што бил прв секретар во амбасадата на Бугарија во Белград.
Од 2021 година радуков е одговорен во Бугарското МНР за Македонија и тоа и за билатералните односи, но и за европскиот контекст. Радуков имал клучна улога и во креирањето на таканаречениот француски предлог, вклучувајќи ги билатералните преговори за протоколот од вториот состанок на меѓувладината комисија, потпишан во јуни 2022 година. Радуков е и организациски секретар на мешовитата историска комисија со Бугарија.