Кој е новото момче на Милица Тодоровиќ!? Работел како модел, а сега се занимава со работата што ги прави жените најсреќни

Милица Тодоровиќ има ново момче. Српските медиуми успеаја да ја ,,фатат” пејачката со новото момче како ужива на сонце во градината во еден од белградските локали.

Според извор близок до пејачката, парот е во врска веќе еден месец.

Милица Тодоровиќ

– Беа заедно на роденденската забава на Данијела Кариќ. Тоа беше првпат да се појави со него. Тие се во врска околу еден месец – тврди извор за српски „Блиц“.

Станува збор за момчето Лазар, кој е поранешен модел, а денес работи во тетовирање веѓи, отстранување тетоважи и живее во Нови Сад.

Да потсетиме, Милица Тодоровиќ имаше неколку турбулентни врски, а последен во серијата беше актерот Петар Стругар.

Првата љубов на Милица беше Ненад Јовановиќ, пејач со кој како мала беше во емотивна врска долго време. Тие двајца заедно се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“.