Кој е општествено прифатливиот број на сексуални партнери: Еве што се смета за „нормално“

Нова студија го утврди општествено прифатливиот број на сексуални партнери за мажи и жени, а податоците може да ве изненадат.

Во студија објавена во стручното списание „Социјална психологија и наука за личноста“, беше наведено дека општествено прифатливиот број на партнери е четири или пет, од кои два или три се несериозни врски. За жените, општествено прифатливиот број на партнери е два или три, од кои еден или два се несериозни врски.

„Постојат и сличности и разлики во социјалната евалуација на машката и женската сексуалност. Сепак, спротивно на популарното мислење, умерените и не екстремно ниските или екстремно високите нивоа на сексуална активност се најмногу ценети од двата пола“, наведоа авторите на истражувањето.

Авторите разговарале со повеќе од 340 луѓе од Германија за да утврдат како општеството го гледа сексуалниот живот на 25-годишниците, вклучувајќи го бројот на партнери, фреквенцијата на сексот, па дури и навиките за мастурбација.

Истражувачите забележале дека мажите се соочуваат со притисок да имаат повеќе партнери, додека жените честопати се засрамуваат затоа што имаат „премногу“ партнери, што докажува дека двојните стандарди сè уште преовладуваат.