КОЈ Е РУСТЕМ УМЕРОВ ? Овој човек штотуку стана еден од клучните мозоци на војната во Украина

Олексеј Резников повеќе не е министер за одбрана на Украина, објави претседателот на Украина, Володимир Зеленски во вечерното обраќање на 3. септември.

Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексиј Резников мина низ повеќе од 550 дена целосна војна и верувам дека на Министерството за одбрана му требаат нови пристапи и други форми на интеракција, како со Армијата, така и со со општеството во целина. Сега министерството треба да го води Рустем Умеров и очекувам парламентот да ја поддржи оваа кандидатура“, порача Володимир Зеленски.

Новиот министер за одбрана Рустем Енвероглу Умеров е водечки член на заедницата на кримските Татари и тој ја претставуваше Украина во минатогодишните преговори со РусијаРустем Умеров е роден во Советски Узбекистан, каде што неговото семејство било протерано заедно со стотици илјади кримски Татари за време на Јосиф Сталин, бидејќи во Втората светска војна ја поддржувале Германија. Кон крајот на 80-тите години на минатиот век се вратил на Крим, кој во меѓувреме и припаѓал на Украина, откако на Татарите им било дозволено да се вратат во својата татковина. Меѓу 250.000 татарски повратници биле и семејството на новиот украински министер за одбрана.

Рустем Умеров

Овој 41-годишен муслиман започнал со телекомуникацискиот бизнис во 2004 година, а подоцна почнал да се занимава со политика и во 2019 година бил избран во Врховната Рада (Парламент) како претставник на либералната партија Холос. Таму, тој служел како копретседател на Кримската платформа, меѓународен дипломатски напор чија цел беше да се смени руската анексија на полуостровот во 2014 година. Покрај тоа, Рустем Умеров со години бил советник на историскиот водач на кримските Татари, Мустафа ЏемилевРусија ја одзеде контролата врз Крим од Украина во 2014 година и спроведе референдум за анексија што Украина и нејзините западни сојузници го осудија како нелегитимен. Рустем Умеров активно учествуваше во изготвувањето на бројни закони и одигра клучна улога во формулирањето на официјалната изјава на украинскиот парламент со која се осудува илегалната анексија на Крим од Русија.

За време на почетокот на војната меѓу Русија и Украина во март 2022 година, тој присуствуваше на мировните преговори меѓу двете страни. Според извештаите од страницата Meduza, Кремљ го обвини за шпионажа во корист на Соединетите Американски Држави и намерно забавување на преговорите во корист на Украина.

Подоцна истиот месец, на 28. март, беше објавено дека Рустем УмеровРоман Абрамович и друг пратеник развиле симптоми кои укажуваат на можно труење по преговорите. Тројцата учесници отпатувале за Истанбул на лекување, а Рустем Умеров подоцна преку објава на социјалната мрежа Фејсбук ја информирал јавноста дека е добро и побарал да не веруваат во непроверени информации.

Инаку, кога Русија го окупираше Крим и организираше референдум за обединување, татарската заедница, која сочинува 12-15% од два милиони жители на полуостровот, главно го бојкотираше гласањето. Русија потоа го забрани Меџлисот – традиционалното место за собирање на татарското муслиманско малцинство – прогласувајќи го за екстремистичка организација и затвори некои истакнати членови на заедницата, наведувајќи безбедносни причини.

Рустем Умеров беше проукраински истакнат од самиот почеток и зборуваше за тоа во бројни интервјуа: „Руските пропагандисти го измислија наративот за поделба на украинската нација на етнички групи за да ги оправдаат нивните воени акции на територијата на нашата земја“, изјави Рустем Умеров за AmmanNet во интервју минатата година.

Но, ние како Татари не чувствуваме никаков шовинизам или исламофобија во Украина во однос на нашата етничка или религија“, нагласил тој тогаш.

Тој беше член на украинската делегација во преговорите со Русија во првите недели од војната и учествуваше во преговорите за формирање на извозен коридор за украинско жито низ Црното МореРусија се повлече од договорот за жито ова лето, обвинувајќи ја Украина и нејзините сојузници дека не успеале да одржат дел од договорот за олеснување на рускиот извоз. Минатиот септември, Рустем Умеров беше назначен за прв човек на Фондот за државен имот, сложена функција во Украина каде што процесот на приватизација е погоден од корупција. Претседателот Володимир Зеленски во видео изјава во која ги најави промените во Министерството за одбрана во недела порача дека пратениците ќе бидат поканети да гласаат за номинацијата на Рустем Умеров оваа недела.

Собранието добро го познава и на господинот Рустем Умеров не му треба дополнителен вовед“, порача Володимир Зеленски.

Инаку, на почетокот на годинава се појавија првите најави за можна оставка на поранешниот министер Олексеј Резников откако поради корупциски скандали беа разрешени неколку високи функционери, меѓу кои и замениците министри за одбрана. Во својата оставка Олексеј Резников изјави дека повеќе од 50 отсто од територијата на Украина окупирана од Русија била ослободена во изминатите 550 дена од војната. Според Олексеј Резников, за 22 месеци како министер за одбрана успеал да ги исполни клучните задачи што му биле доделени. Помеѓу достигнувањата, министерот ги спомена добивањето оружје од партнерите и приближувањето до НАТО, спроведувањето реформи во сферата на набавките и имплементацијата на автоматизирани системи за воено управување.